На 14.02.2021 г., Недела на Закхеј – една од петте подготвителни недели пред Великиот пост, во храмот Св. великомаченик Димитриј, во Крива Паланка, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј служеше Света Литургија за претпразненство на Сретение и за празникот на Светиот маченик Трифун, Светите маченици Перпетуа, Фелицитате, Сатир и другите со нив, Преподобен Петар Галатиски.








