Света Литургија во Неделата на св. Григориј Палама

На 28.03.2021 год., втора Недела од Великиот Пост, посветена на св. Григориј Палама, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г.Григориј служеше Света Литургија во храмот Света Троица, во Куманово. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.