На 31.03.2021 год., среда од третата седмица на Великиот Пост, (св. Кирил, архиепископ Ерусалимски, св. Анин Чудотворец), во храмот на свети Јован Крстител во Кратово, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г.Григориј, служеше Литургија на претходноосветени дарови. На Светата Литургија верниот народ се причести со претходноосветените Христови Тајни.













