Света Литургија во Неделата дваесет и петта по Педесетница

На 12.12.2021 год., Недела дваесет и петта по Педесетница (св. маченик Парамон и другите 370 маченици со него; преподобен Акакиј Синајски; св. маченик Дионисиј, епископ Коринтски; св. маченик Аполониј), Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г.Григориј служеше Света Литургија во храмот Св. Петка, во нас. Бедиње, Куманово. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.