Св. архијерејска Литургија на празникот на св. Николај Чудотворец

На 19.12.2021 год., Недела дваесет и шеста по Педесетница, празник на св. Николај, архиепископ Мирликијски, Чудотворец – храмова слава на митрополитскиот соборен храм Св. Никола, во Куманово, беше служена Св. архијерејска Литургија, на која началствуваше митрополитот Европски г.Пимен во сослужение со митрополитот Кумановско-осоговски г.Григориј и епископот Стобиски г.Јаков. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

По Светата Литургија, многубројниот народ го продолжи црковното празнување со литија од соборниот храм до градскиот плоштад, каде што, по извршениот Водосвет, беше благословен и прекршен празничниот леб.