На 06.01.2022 год., Бадник – ден пред празникот на Христовото Рождество (Преп. маченичка Евгенија и другите со неа; Преп. Никола војвода), Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г.Григориј служеше Утрена богослужба, Царски часови и Вечерна богослужба со Света Василиева Литургија во митрополитскиот соборен храм Св. Никола, во Куманово. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.










