На 09.01.2022 год., Недела по Рождеството Христово, на Светите Богоотци – Св. праведен Јосиф Обручник, Св. цар Давид и Св. Јаков, брат Господов (Св. првомаченик и архиѓакон Стефан; Преп. маченици Теодор и Теофан Начертани), Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј служеше Света Литургија во митрополитскиот соборен храм Св. Никола, во Куманово. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.












