Посета на храм во изградба во село Горно Којнаре

На 08.02.2022 година, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј заедно со ктиторите и месното население од селото, го посети храмот во изградба кој ќе биде посветен на Рождество на Пресвета Богородица во село Горно Којнаре -Кумановско, и даде благослов за понатамошната изградба на храмот и ги определи потребните архитектонско-градежни и урбанистички фази коишто се неопходни за продолжување со изградба на храмот.