На 24.02.2022 година, на празникот на св. мч. Георгиј Кратовски и св. Власиј, во храмот посветен на свети Георгиј Кратовски во Кратово беше служена Света литургија, на која началствуваше митрополитот Европски г.Пимен во сослужение со митрополитот Кумановско-осоговски г.Григориј и митрополитот Брегалнички г.Иларион. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
По Светата Литургија, многубројниот народ го продолжи црковното празнување со литија од храмот на свети Георгиј Кратовски до градскиот Плоштат ,,Павел Шатев”, каде што, по извршениот Водосвет, беше благословен и прекршен празничниот леб.





















