Света Литургија за празникот на св. великомаченик Георгиј Победоносец, Ѓурѓовден

На 06.05.2022 год., празник на св. великомаченик Георгиј Победоносец (Ѓурѓовден), Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г.Григориј служеше Света Литургија во манастирот на Свети великомаченик Георгиј, во нас. Биљановце, Куманово. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.