На 12.07.2022 год., на празникот на светите славни и сефални апостоли Петар и Павле – Петровден, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г.Григориј служеше Света Литургија во митрополитскиот соборен храм Св. Никола во Куманово. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.







