Света Литургија за свети Прохор Пчински

На 01.11.2022 година, кога се празнува споменот на свети Прохор Пчински, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско – осоговски г. Григориј, во сослужение со митрополитот Брегалнички г. Иларион и епископот Врањски г. Пахомиј, служеше Света Литургија во манастирот на свети Прохор Пчински во Р. Србија. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.