На 27.11.2022 година, Недела 24 по Педесетница, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско – осоговски г. Григориј, во сослужение со митрополитот Повардарски г. Агатангел и митрополитот Брегалнички г. Иларион, служеше Света Литургија во манастирот свети Георгиј во с. Ораовица – Радовиш. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.












