На 06.12.2022 год., во навечерието на празникот на свети Климент Охридски, со благослов на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г.Григориј служеше Вечерна богослужба во храмот свети Спас во Драчево. По завршувањето на Вечерната богослужба, во Македонската православна богословија свети Климент Охридски, се одржа свечена академија по повод патрониот празник на Богословијата.








