Утрена богослужба, Царски часови и Вечерна со Света Василиева Литургија на Бадник

На 06.01.2023 год., Бадник – ден пред празникот на Христовото Рождество, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г.Григориј служеше Утрена богослужба, Царски часови и Вечерна богослужба со Света Василиева Литургија во митрополитскиот соборен храм Св. Никола, во Куманово. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.