На 24.02.2023 година, на празникот на св. мч. Георгиј Кратовски и св. Власиј, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј во сослужение со митрополитот Повардарски г. Агатангел и митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, служеше Света Литургија во храмот на свети Георгиј Кратовски во Кратово. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
По Светата Литургија, многубројниот народ го продолжи црковното празнување со литија од храмот на свети Георгиј Кратовски до градскиот плоштад ,,Павел Шатев”, каде што, по извршениот Водосвет, беше благословен и прекршен празничниот леб.











