Света Литургија во Недела Сиропусна – Прочка

На 26.02.2023 година, Недела Сиропусна-Прочка, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј служеше Света Литургија во Митрополитскиот соборен храм свети Никола во Куманово. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.