Во петокот од четвртата седмица од Великиот Пост (24 март 2023 г.), во манастирот на свети Јоаким Осоговски во Крива Паланка, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј служеше Литургија на претходноосветените дарови. На Светата Литургија верниот народ се причести со претходноосветените Христови Тајни.







