Литургија на претходноосветени дарови во Куманово

Во средата од шестата седмица од Великиот Пост (4 април 2023 г.), во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово, митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј служеше Литургија на претходноосветените дарови. На Светата Литургија верниот народ се причести со претходноосветените Христови Тајни.