Tомина недела

На 23 април 2023 година (Томина недела), во манастирот на свети Јоаким Осоговски во Крива Паланка, митрополитот Кумановско – осоговски г. Григориј служеше Божествена Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.