На 09.12.2023 година, кога црквата го празнува споменот на осветувањето на храмот на свети великомаченик Георгиј во Киев, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј во сослужение со Неговото Високопреосвештенство Митрополит Брегалнички г. Иларион и Неговото Преосвештенство Епископот Делчевско-каменички г. Марко, служеше Света Златоустова Литургија во храмот на свети Георгиј во Кочани. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.







