Хиротонисан Епископот Велички г. Никола

На 21.01.2024 година, на светата архиjерејска Литургија во митрополитскиот соборен храм на Свети Димитриј во Битола, на која чиноначалствуваше Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на членовите на САС на МПЦ, беше хиротонисан новоизбраниот Епископ Велички г.Никола. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.