На 7.04.2024 година, во Третата недела од Великиот Пост, кога оваа година го прославуваме и Благовештението на Пресвета Богородица, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово, служеше Света Василиева Литургија. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.









