Духовден (трет ден)

На 25.06.2024 година, во вторникот од првата седмица по Педесетница, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, служеше Света Златоустова Литургија во манастирот свети Георгиј во Старо Нагоричане. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.