На 03. 07. 2024 кога Црквата го слави споменот на преподобниот чудотворец и отец наш Наум Охридски, во неговиот манастир на Попова Шапка се отслужи Архијерејска Божествена Литургија на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во сослужение на Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј и митрополит г. Јосиф.
На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.







