На 02.08.2024 година, кога Црквата го празнува споменот на светиот пророк Илија и светите Пречистански преподобномаченици, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј служеше Света Златоустова Литургија во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.






