Шеста недела по Педесетница

На 04.08.2024 година, во Шестата недела по Педесeтница, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј служеше Света Златоустова Литургија во храмот на Раѓањето на Пресвета Богородица во Ранковце. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.