На 08.08.2024 година, на празникот на св. мч-чка Параскева Римјанка, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, служеше Света Златоустова Литургија во храмот на света Петка во Бедиње – Куманово. Пред Литургијата во чинот чтец беше произведен Виктор Костовски од Куманово. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.







