На 30 март 2025 година, во Четвртата недела од Великиот Пост, во храмот на свети Јован Крстител во Кратово, Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, служеше Божествена Василиева Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.





