На 22 мај 2025 година, кога Црквата го слави Преносот на моштите на свети Николај Мирликијски во Бари, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, служеше Света Златоустова Литургија во храмот на свети Никола во Кратово. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.






