Собор на сите македонски светители

На 05. 10. 2025 година, на денот кога Светата Македонска православна црква – Охридска архиепископија го чествува празникот на Сите Македонски Светители, во храмот „Св. Кирил и Методиј“ во Велес се одржa традиционалниот Семакедонски православен христијански собор.

Со Светата Божествена Литургија чиноначалствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Европски г. Пимен, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, Митрополитот Дебарко-кичевски г. Герогиј и бројно свештенство на Македонската православна црква.