Преподобна Параскева – Петковден

На 27.10.2024 година, кога го прославуваме споменот на преподобната Параскева Епиватска, во црквата посветена на преподобната Параскева Епиватска во Кавадарци, се отслужи Света Божествена Литургија со која чиноначалствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан. На Архиепископот на Литургијата му сослужуваа надлежниот Митрополит на Повардарската епархија г. Агатангел, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј,  Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, Архимандритот Агатон, како и бројно свештенство на Повардарската епархија.