На 19 јануари 2026 година, кога Црквата го слави Крштението Господово, во митрополитскиот соборен храм на Свети Никола во Куманово, митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј служеше света Василиева Литургија. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни. После Литургијата беше извршен Голем Богојавленски водосвет.








