На 20.01.2026 година, кога Црквата го слави Соборот на свети Јован Крстител, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј служеше света Литургија во храмот на свети Јован Крстител во Кратово. Пред Литургијата во чтец го произведе Атанас Анастасовски од Кратово. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.






