На 29.06.2014 година, на празникот на св. Тихон Аматунтски во Третата недела по Педесетница, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, служеше Света Златоустова Литургија во манастирот на свети Јоаким Осоговски во Крива Паланка. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

