Во навечерието кон петтата сабота од Великиот пост, т.н. Акатистна сабота, кога се чита целата служба на Акатистот на Пресвета Богородица, во храмот на свети Димитриј во Крива Паланка, митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј служеше Утрена богослужба со Акатист на Пресветата и Славна Владичица наша Богородица и Секогашдева Марија.











