На 01.04.2026 година, среда од шестата седмица, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско – осоговски г. Григориј служеше Литургија на претходноосветени Дарови, во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово. На Светата Литургија верниот народ се причести со претходноосветените Христови Тајни.






