На 13 април 2026 година (понеделник од Светлата седмица), Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј во сослужение со Митрополитот г. Јосиф служеше Света Златоустова Литургија во храмот на свети Димитриј во Крива Паланка. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.







