На 17.04.2026 година, Петок од Светлата Седмица – Источен Петок, празник востановен заради чудата што се случувале на изворот покрај храмот „Животоносен источник“ (кој бил посветен на Пресвета Богородица, а се наоѓал во Балаклија, во близина на Константинопол), Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско – осоговски г. Григориј служеше Света Литургија во храмот на Света Петка во нас. Бедиње, Куманово. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.







