Недела на Самаријанката

На 10.05.2026 година, на покана на Високопреосвештениот Митрополит Агатангел, надлежен архијереј на Повардарската епархија, Неговото Високопреосвештенство Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј присуствуваше на осветувањето на храмот посветен на Свети Агатангел Битолски во Велес.Со самиот чин и Божествената Литургија чиноначалствуваше Високопреосвештениот Митрополит Повардарски г. Агатангел во сослужение на Високопреосвештениот Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј.Храмот се изгради под покровителство на Повардарска епархија, и со доброволни прилози на православните христијани од Велес и од цела Македонија, кои се запишани во книгата на ктиторите, помагателите и украсителите на овој свет православен храм.Чинот на осветувањето на црквата молитвено го проследија многубројни верници од Велес, но и од други македонски градови, меѓу кои присутни беа и Градоначалникот на Општина Велес, г-дин Марко Колев и пратеникот во македонското Собрание, г-дин Александар Јамалов.Фрескоживописот и иконите во црквата ги изработија зографите Велче Свеќаров и Гоце Василески од Велес, а иконостасот го изработи копаничарот Љубомир Бисинов од ВелесИзвор: Повардарска епархија