Четврта Недела по Педесетница

На 28.06.2026 година, во Четвртата недела по Педесетница, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј служеше Света Литургија во храмот на света Петка во Куманово. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.