На 11.07.2026 година, во навечерието на празникот на светите првоврховни апостоли Петар и Павле, во храмот „Света Петка“ во населбата Бедиње – Куманово, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, во сослужение на свештенослужители од Кумановско-осоговската епархија, отслужи Воскресна вечерна богослужба.Утредента, на 12.07.2026 година, во Шестата недела по Педесетница, кога Светата Православна Црква го прославува споменот на светите првоврховни апостоли Петар и Павле, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, во сослужение на свештенослужители од Кумановско-осоговската епархија, отслужи Божествена Литургија во храмот „Света Петка“ во населбата Бедиње – Куманово, отслужи Божествена Литургија.На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.Годинава храмот „Света Петка“ одбележува сто години од своето осветување – цел век непрестајно сведочење на Евангелието Христово и на Словото на Вистината. Нека Господ го благослови овој свет храм и нека прослави уште многу јубилеи, а во него и во сите храмови на Кумановско-осоговската епархија да издигнува многу ревносни свештенослужители, кои достојно ќе Му служат на Бога и на Неговиот народ, на слава Божја и за спасение на верните.
























