На 01.11. 2026 година, Недела дваесет и втора по Педесетница, по повод 20-гидишнината од епископската служба на Митрополитот Брегалнички г. Иларион беше отслужена Света Архиерејска Литургија на која чиноначалствуваше Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва г.г. Стефан во сослужение на Надлежниот епархиски Архиереј Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, Митрополитот Европски г. Пимен, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, Епископот Дељадровско-илинденски г. Јоаким, Епископот Стобиски г. Јаков и свештенослужители на МПЦ-ОА, во соборниот храм “Св. Николај” во Штип. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.











