На 13.03.2016 година, во Неделата на простувањето, кога Црквата го прославува споменот на преподобните Јован Касијан и Варсануфиј, Неговото високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

