На 19 март 2016 година (првата сабота од Великиот пост), кога Црквата го прославува споменот со чудото на свети Теодор Тирон, Неговото високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, во храмот на свети Теодор Тирон во с.Конопница – Крива Паланка служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

