Во средата од втората седмица од Великиот Пост, 23 март 2016 г., во храмот на света Троица во Куманово, митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, служеше Литургија на претходноосветени дарови. На Светата Литургија верниот народ се причести со претходноосветените Христови Тајни.

