Литургија на претходноосветени дарови во Крива Паланка

Во средата од четвртата седмица од Великиот Пост, 6 април 2016 г., во храмот на свети Димитриј во Крива Паланка, митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, служеше Литургија на претходноосветени дарови. На Светата Литургија верниот народ се причести со претходноосветените Христови Тајни.