Литургија на претходноосветени дарови во Куманово

Во средата од петтата седмица од Великиот пост, 13 април 2016 г., во храмот на света Троица во Куманово, митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф служеше Литургија на претходноосветени дарови. На Светата Литургија верниот народ се причести со претходноосветените Христови Тајни.