Во петтата сабота од Великиот пост, т.н. Акатистна сабота, кога се чита целата служба на Акатистот на Пресвета Богородица, во храмот на света Троица во Куманово, митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф служеше сеноќно бдение во чест на Пресветата и Славна Владичица наша Богородица и Секогашдева Марија. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

