На 23 април 2016 година, кога Црквата го слави Воскресението на Лазар Четиридневниот – пријателот Господов, Неговото високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, во храмот на свети Мина во с. Проевце, служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

